ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ

Оваа политика за приватност има за цел да појасни и образложи каде и како се чуваат личните податоци на сите регистрирани купувачи на нашата интернет страна и се однесува само за www.ting.mk.

Доколку е присутен линк кој ќе Ве поврзе со други страни, ние не преземаме никаква одговорност во однос на заштитата на личните податоци која ја обезбедуваат тие интернет страни или контролорите кои ги управуваат таквите веб страни.

Заштитата и сигурноста на податоците на корисниците на онлајн купување на веб порталот www.ting.mk се една од приоритетните задачи на нашата компанија.

TING-INOX, посветува големо внимание на заштитата на личните податоци во сите свои деловни процеси.

Со пристапот на интернет страницата, потврдувате дека сте ги прочитале, разбрале и дека се согласувате со условите на Политиката за приватност.

Податоци кои се собираат

Доколку од Ваша страна е направена регистрација на оваа веб страна, сите лични податоци кои ќе ги внесете преку формата за регистрација, ќе се користат единствено за потребите за достава на производот, реализација на плаќањето, како и за рекламирање на производи и услуги обезбедени од наша страна, доколку ја имате избрано оваа опција, а се чуваат согласно одредбите од Законот за заштита на лични податоци.

Од информациите кои ни се потребни при регистрацијата и/или при нарачка ги издвојуваме:
-Име и презиме
-E-mail адреса
-Адреса за испорака на нарачката
-Телефон за контакт

Податоците кои ги собираме и се чуваат кај нас, нема да се објавуваат, продаваат или доставуваат на трета страна освен на надлежните органи на начин определен со законските прописи на Република Северна Македонија.

TING-INOX, го задржува правото да ги користи IP aдресите и другите податоци на корисниците за откривање на нивниот идентитет во случај на спроведување на законот и законските постапки.

Во секој момент може да извршите промена, ажурирање или корекција на Вашите неточни лични податоци и информации.

TING-INOX, има усвоена политика за сигурност и заштита на податоци, со што ја демонстрира посветеноста на нашата фирма кон заштитата на приватноста на клиентите. Со исклучок на податоците од финансиска природа, сите информации кои ги собираме од веб страната се исклучиво за наша употреба (релација со корисници, следење на нарачка итн.) и истите не се предаваат на други лица за било каков основ. Не собираме никакви информации од финансиска природа, како број на картичка и сл. Податоците околу кредитната картичка и банкарската сметка ќе бидат чувани и користени исклучиво од страна на банката со цел наплата на продуктите/нарачките преку извршување на трансакција. Трансакцијата при наплаќање на производот е пренасочена и се процесира преку порталот за наплата од кредитни картички на банката. Порталот користи современа заштита на податоците и сите процеси се одвиваат преку сигурна конекција со банката.

Малолетни лица не смеат да даваат лични податоци без одобрение од нивните родители или старатели и се обврзуваме дека нема намерно да собираме или користиме податоци од малолетни лица. Ги превземаме сите заштитни мерки за заштита на личните податоци на купувачите со цел да се минимизира ризикот од неовластен пристап и злоупотреба на истите.




  АДРЕСА

ТИНГ-ИНОКС
Унгарска, 17
2300 Кочани
Северна Македонија


  СОЦИЈАЛНИ МРЕЖИ

  Facebook TING
  LinkedIn
  Facebook TING-INOX
  Twitter




© TING-INOX