КОЛАЧИЊА (COOKIES)

Заради системска заштита, секогаш кога ќе ги посетите нашите веб страници, нашиот веб сервер привремено го регистрира вашиот домен и IP адресата на работната станица, заедно со уште неколку технички податоци во врска со сесијата т.е. посетата на веб страниците. Исто така, во одредени случаи ќе запишеме информации во форма на „Cookies“ на вашиот компјутер, со цел да ја приспособиме посетата на веб страниците според вашите потреби и навики. „Cookies“ се мали датотеки кои се внесуваат на компјутерот на корисникот од страна на веб серверот.

Сите информации кои се меморираат во рамките на „Cookies“ можат да бидат искористени само за потребите на веб услугата и тоа на начин на кој вашата приватност нема да биде загрозена.

При вашата посета на веб страниците на ТИНГ-ИНОКС нема да вршиме прибирање на лични податоци, освен во случаи кога доброволно ќе ги дадете овие информации, на пример, при електронски нарачки, анкети, наградни игри или барања за информации.

Личните податоци кои се собираат за време на вашата посета на веб страницата се обработуваат согласно позитивните прописи на Република Северна Македонија. Притоа, податоците поврзани со вашата картичка или вашата сметка во банка се испраќаат директно до банката преку шифрирана врска.

ТИНГ-ИНОКС ниту ги собира ниту има пристап до информациите поврзани со вашата картичка или вашата сметка во банка.

Со помош на ваквите фајлови се следи движењето на посетителите на страната по неа, и на тој начин се собираат податоци како да се оптимизира и унапреди функционалноста на страната. Овие фајлови не се поврзуваат со ваши лични податоци.

Сите информации кои се запишуваат во колачињата, ТИНГ-ИНОКС ќе ги користи исклучиво за потребите на web услугата или за статистички потреби и тоа на начин на кој вашата приватност нема да биде загрозена. Доколку вашите лични податоци треба да бидат запишани во колачињата, тоа ќе биде со ваша претходна согласност.

Политика за начин на вршење на обработка на лични податоци за цели на директен маркетинг

Вашите лични податоци може да ги користиме за да Ви праќаме директни маркетинг соопштенија за нашите производи и услуги или за нашите поврзани услуги, вклучително и нашите објавувања на најновите производи и на претстојни настани.

Тоа може да биде во форма на е-пошта, постирање, SMS, телефонски или целни интернет-реклами.

Ние го ограничуваме директниот маркетинг на разумно и на пропорционално ниво и Ви праќаме соопштенија за кои сметаме дека ќе бидат интересни и релевантни за Вас, врз основа на податоците што ги имаме за Вас.

Вашите лични податоци ги користиме за цели на директен маркетинг исклучиво врз основа на Ваша согласност за обработка на Вашите податоци за цели на директен маркетинг која имате право да ја дадете при пристап и користење на истата.

Вие имате право во секое време да побарате од нас да не испраќаме маркетинг соопштенија и да не ги користиме Вашите лични податоци кога вршиме профилирање за целите на директен маркетинг.

Вашите права може да ги остварите на едноставен начин со контакт на:

Е-маил адреса: ting@ting.com.mk
Контакт телефони: +389 (0)33 297-115

Останато

Оваа политика на приватност стапува на сила од Јануари 2023 година.

Промените во политиката на приватност ќе бидат јавно објавени на интернет странатa ting.mk најмалку 10 дена пред да стапат во сила.



  АДРЕСА

ТИНГ-ИНОКС
Унгарска, 17
2300 Кочани
Северна Македонија


  СОЦИЈАЛНИ МРЕЖИ

  Facebook TING
  LinkedIn
  Facebook TING-INOX
  Twitter




© TING-INOX