ИСТОРИЈА НА ТИНГ-ИНОКС

Почетоци 1990...

Формирање на Тргоинженеринг

Компанијата ТИНГ ДООЕЛ е лоцирана во Кочани, формирана е во 1990 година под името ТРГОИНЖЕНЕРИНГ за после 8 години од своето постоење да биде преименувана во нејзиното сегашно име ТИНГ ДООЕЛ.
Нејзините почетоци се проектирање и инсталирање на термотехнички инсталации, санации на котлари, водоснабдување, челични конструкции и трговија со инсталациони материјали. Започнувањето е со четири вработени кои со несебични залагања вршеа повеќе функции и ги поставија темелите на фирмата со инженерско работење, монтажерско и производствена дејност.

Image
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

Во 2000-та...

Преименување во ТИНГ

Компанијата е веќе преименувана од Тргоинженеринг во сегашното постоечко име ТИНГ Дооел, кратенка која произлегува од почетните букви на Техника, Инженеринг, Нерѓосувачки челик и Геотермија. Изработени се голем број на проекти како:
- Млинови
- Ковани огради
- Фабрика за ориз
- Млекарска опрема
- Конзервна опрема
- Проекти од областа на геотермијата...

Image

2005

ТИНГ-ИНОКС

Формирана ќерка фирма ТИНГ-ИНОКС Дооел наменета за сериско производство на мали бојлери за топла вода од нерѓосувачки челик.

Image
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

Во 2014

Купување на компанијата РУЕН

Руен беше трансформиран во 100% приватна компанија.
Искуството стекнато со долгогодишната практика придонесува оваа компанија да застане рамо до рамо со најуспешниот и почитуван партнер Руен во општа автомобилска заедница. Со постојните светски познати брендови и цврсти индустриски основи, имплементација на нови начини на управување и ефективни стратегии за продажба и маркетинг, новиот сопственик започна нов живот со новото име на компанијата Ruen Inox Automobile. Новиот наслов на компанијата, новиот дизајн на логото и производите за пакување, покажуваат сосема нова слика за оваа успешна компанија.

Image

2020

30 години Традиција ИНОКС

Компанијата Тинг дооел одбележа значаен јубилеј - 30 години од основањето. Во текот на овие 30 години успеавме да изградиме докажана индустриска традиција пред сe благодарение на посветеноста, професионалноста, партнерскиот пристап кон клиентите и соработката со дел од светски познати компании. Постојано водиме грижа сé што создаваме, секогаш да носи дополнителна вредност за нашите клиенти. Нашиот тим претставува клучен фактор за тоа кои сме, како функционираме и како ја градиме иднината. Вистинската продуктивност и континуираната посветеност произлегуваат од инспирирани и задоволни вработени, мотивирани да се соочат со сите предизвици...

Image
 
 
 
 
 


  АДРЕСА

ТИНГ-ИНОКС
Унгарска, 17
2300 Кочани
Северна Македонија


  СОЦИЈАЛНИ МРЕЖИ

  Facebook TING
  LinkedIn
  Facebook TING-INOX
  Twitter




© TING-INOX