ЗА ТИНГ-ИНОКС
Image

Компанијата ТИНГ има докажана индустриска традиција и сега е еден од најважните производители на опрема од нерѓосувачки челик во нашата земја. Основана е во 1990 година од страна на Славе Јорданов дипломиран машински инженер, визионер, кој сите свои делувања и одлуки ги насочил на градење и одржување долгорочни, партнерски релации со клиентите базирани на доверба.

Постојано водиме грижа сé што создаваме, секогаш да носи дополнителна вредност за нашите клиенти. Нашиот тим претставува клучен фактор за тоа кои сме, како функционираме и како ја градиме иднината. Вистинската продуктивност и континуираната посветеност произлегуваат од инспирирани и задоволни вработени, мотивирани да се соочат со сите предизвици.

Производствените погони моментално зафаќаат површина од 10 000м2, и компанијата брои околу 120 вработени. Спектарот на групи на производи кој го негуваме опфаќа: процесна опрема за прехранбената индустрија, хемиската и автомобилската, сериско производство на бојлери за домашна и индустриска употреба, хотелиерство и иновативен систем за свежа вода составен од бојлери со бафер танкови и изменувачи на топлина од нерѓосувачки челик. Производите на компанијата се извезуваат во повеќе од 15 држави во светот. Околу 80% од вкупното производство е наменето за извоз, 20% се производи наменети за домашен пазар.

Континуирано инвестираме во нови технологии кои се потребни за нашето производство и нашите клиенти. Особено посветуваме внимание во полето на заварувањето, машинските обработки и примената на технолошки иновации. Постојано се надополнуваме со современи софтверски решенија, нови методи на заварување надополнети со долгогодишната експертиза во индустријата, овозможуваат врвна услуга во согласност со највисоките деловни стандарди и реализација на најкомплексните барања на клиентите.

Генерален Директор
Славе Јорданов


Image


  АДРЕСА

ТИНГ-ИНОКС
Унгарска, 17
2300 Кочани
Северна Македонија


  СОЦИЈАЛНИ МРЕЖИ

  Facebook TING
  LinkedIn
  Facebook TING-INOX
  Twitter




© TING-INOX